Погачки со чварки и компир
Од состојките за тесто замесете тесто.
Оставете го да стаса за 40 минути, а потоа развлечете кора со дебелина 1-1,5 см. Премачкајте ја со претходно сомелени чварки на машина за мелење месо.
Одозгора посипете со варен и изрендан компир.
Преклопете го тестото од двете страни до средината, здиплете го како бовча и ставете го повторно да отстои за 40 минути. По 40 минути повторно расукајте ја кората и соберете ја на ист начин. Ставете ја да отстои 30 минути и повторно расукајте ја кората со дебелина од 1,5 см. Со помиш на чаша вадете погачки од тестото и редете ги во плех, премачкајте ги со изматено јајце посолете со сусам или несто друго по ваша желба. Печете ги во претходно загреена рерна на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови