Погача со маргарин
Во длабок става млекото, растопениот маргарин, квасецот и 4 чаши брашно. Се остава смесата покриена со кујнска крпа да добие дупла големина и потоа се додават јајцата и уште брашно и се меси тестото.
Од тестото се делат 16 топчиња убаво се обликуват и со сукало се расукуват малку секое парче се провлекува низ растопен маргарин и се реди во подлабок плек бр.34 обложен со картија за печење.
Јас немав баш таков плек и краевите ги подиглав со хартија за печење тоа можете и вие да го направите доколку сте во иста ситуација. Постапката на редење можете да ја видите на приложените фотографии.
Така готова погачата се посолува со сусам и се остава да нарасне да ја дуплира големината. Потоа се тече на 200 степени со постепено намалување малку подолго трае печењето поради растопениот маргарин. Ова погача е доста голема можете доколку сакате да направите 2 помали со по 12 парчиња или состојките за една помала да ги поделите за една.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови