Празничен десерт за нашата трпеза овој Божиќ. Не многу сладок, но превкусен. Моја топла препорака.
На сите ви посакувам среќни празници и успешна, мирна, здрава и помалку стресна Нова година.

Подготовка:

1. Белките ги одделуваме од жолчките и се матат во подлабок сад, со постепено додавање на шеќерот, додека матиме.
2. Откако ќе добиеме цврста снежна маса, една по една, ги додаваме жолчките и ванилата. Матиме уште еднаш да добиеме изедначена воздушеста смеса.
3. Во неа просеани ги додаваме какакото и брашното. Проматуваме уште еднаш, па на крај го додаваме маслото. Промешуваме убаво и претураме во намрсена тава за печење, 28ка.
4. Кексот го печеме на 180 степени, во претходно загреана рерна. После 20 минути, со чепкалка проверуваме дали е испечен. Топлиот печен кекс го преливаме со мешавина од ладно млеко и бејлис. Го тргаме на страна и го припремаме филот.
5. Кисела павлака се меша со шеќер во прав, ванила и плазма. Слатката павлака се мати со Бејлисот, додека да стане цврста. Ако сакате послатко, додајте уште шеќер во прав, според вкусот.
6. Двете смеси за фил ги спојуваме во една, мешајќи со лажица. Готовиот фил го распоредуваме врз кексот, израмнуваме и декорираме со рендано чоколадо. Десертот може веднаш да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови