На тивок оган се топат карамелите во слатката павлака и млекото со често промешување. Откако ќе се растопат карамелите, се додава и млечното чоколадо на коцки и тоа да се растопи. На крај постепено се додава вискито и се промешува.
Пред употреба добро промешајте ја содржината во шишето.
Овој густ ликер исто така можете да го користите и како ароматизер за колачи. Излегува околу половина литар.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови