20
апр
2012
Бејлис
На тивок оган се топат карамелите во слатката павлака и млекото со често промешување. Откако ќе се растопат карамелите, се додава и млечното чоколадо на коцки и тоа да се растопи. На крај постепено се додава вискито и се промешува.
Пред употреба добро промешајте ја содржината во шишето.
Овој густ ликер исто така можете да го користите и како ароматизер за колачи. Излегува околу половина литар.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
туку, мора со виски? не може со нешто понормално (трча да види што има во шкафче), на пример лозова или шљивка? :)
и прашањето е колку време трае?
дека има млеко и слатка павлака, да не се гушкам со шољата :) :) :) :)
е сега бидејки оваа верзија е со карамела, ликерот е густ, но јас преферирам, млечните ликери да ги чувам во фижидер, па веројатно при крај и зависи од јачината на која е подесено ладењето ќе треба да го ставам шишето во топла вода па потоа да го протресам.
и за крај, па и не е голема количина околу пола литар, не би требало да ве плаши рокот на траење. ако ви се допаѓа, брзо ќе го испиете или потрошите, ако не, тогаш секако не е важно колкава му е трајноста хехе...