Бисквит торта со банани, јагоди и кола сок
Најпрво подгответе го пуднигот.
Одделете 200 мл. од млекото, а друготот ставете го да се загре на оган. Во одделеното млеко растворете го шеќерот и густинот(пудингот) и какото мешајте да нема грутчиња. Кога млекото почнало да зоврива сипете ја смесата и мешајте додека се згусти. Уште во топло додадете го маргаринот и измиксајте со мискер да се соедни. Оставете го во фрижидер да се олади за тоа време измелете ги бисквитите (може и мелени да купите). Во бисквитите додадете го маргаринот изработен со шеќерот, кола (може и друг сок на пр. сок од портокал може да биде и негазиран).Измиксајте малку со миксер а потоа со рака да се соедни или со лажица.Смесата ставете ја во плех со димензија 20х30 см. претходно премачкан со маргарин, расподелете ја насекаде да биде рамна.
Бананите и јагодите исецкајте ги на полукругови или поситни.
Пудингот извадете го од фрижидер и измикајте го миксер, додадете го овошјето и уште еднш измиксајте да се соедни. Филот ставете го над слојот од бисквити и израмнете, над него ставете го шлаг кремот измиксан со кола сок (или млеко,вода) до потребната густина. Премачкајте и оставете ја во фрижидер 1-2 часа. Сечете парчиња-коцки,триаголници штангили како сакате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Супер е Бети, многу ми се допадна :)