Испечати

Бисквит торта со банани, јагоди и кола сок

Бисквит торта со банани, јагоди и кола сок

Состојки

  • Слој
  • 400 гр. бисквити
  • 125 гр. маргарин(на собна температура)
  • 5 лажици шеќер
  • 250 мл. кола (може и некој друг сок)
  • Фил
  • 900 мл. млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици густин (или 2 пак. чоколаден пудинг)
  • 1 мало лажиче какао
  • 125 гр. маргарин (на собна температура)
  • 200 гр. банани
  • 350 гр. јагоди
  • За одозгора
  • 70 гр. (1 пак. ) шлаг крем од чоколада
  • 100 мл. кола сок

Подготовка

Најпрво подгответе го пуднигот.
Одделете 200 мл. од млекото, а друготот ставете го да се загре на оган. Во одделеното млеко растворете го шеќерот и густинот(пудингот) и какото мешајте да нема грутчиња. Кога млекото почнало да зоврива сипете ја смесата и мешајте додека се згусти. Уште во топло додадете го маргаринот и измиксајте со мискер да се соедни. Оставете го во фрижидер да се олади за тоа време измелете ги бисквитите (може и мелени да купите). Во бисквитите додадете го маргаринот изработен со шеќерот,  кола (може и друг сок на пр. сок од портокал може да биде и негазиран).Измиксајте малку со миксер а потоа со рака да се соедни или со лажица.Смесата ставете ја во плех со димензија 20х30 см. претходно премачкан со маргарин, расподелете ја насекаде да биде рамна.
Бананите и јагодите исецкајте ги на полукругови или поситни.
Пудингот извадете го од фрижидер и измикајте го миксер, додадете го овошјето и уште еднш измиксајте да се соедни. Филот ставете го над слојот од бисквити и израмнете, над него ставете го шлаг кремот измиксан со кола сок (или млеко,вода) до потребната густина. Премачкајте и оставете ја во фрижидер 1-2 часа. Сечете парчиња-коцки,триаголници штангили како сакате.