Рецептот за лудо тесто за мене е многу практичен, бидејќи во секое време имам тесто спремно за употреба без да губам време за месење, стасување и слично.

Подготовката е едноставна и брза

1. Во сад за месење ги ставаме сите суви состојки.
2. Додаваме постепено јогурт и замесуваме меко тесто...малку лепливо.
3. Го намрсуваме одозгора со зејтин и го покриваме со стреч фолија.
4. Се чува во фрижидер.

Тоа е се, јас најчесто го правам одвечер и сабајлината го користам за пржење на пишиите, околу половина од тестото користам за нив, а од остатокот правам нешто по желба на децата. Имам правено и пити, пици, панцероти од истото тесто. Можете слободно да го чувате во фрижидер до 7 дена

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови