ТЕСТО
Од состојките за тесто замесуваме меко тесто и оставаме да стаса 45 минути. Откако тестото ќе стаса го размесуваме тестото на 2 или 3 колачиња во зависност од големината на пиците што сакаме да ги направиме. Повторно оставаме да стаса околу 30 минути.

ФИЛ
Сирењето го рендаме и го мешаме со киселата павлака и додаваме ситно исечкан лук. Тиквичката ја сечеме на кругови и ја посолуваме. Оставаме да стои со солта за да пушти вода. Од секое колаче растегнуваме по една пица и ја ставаме во плехче. Тестото го премачкуваме прво со доматен сос и исечкан свеж босилек, а врз него ставаме од филот со сирење. Врз филот рендаме кашкавал а потоа тиквичките (претходно исцедени) ги редиме во круг. Врз тиквичките попрскуваме маслиново масло, наросуваме пармезан и сув босилек. Пицата је печеме во рерна на 250 степени 20 минути. Кога е готова ја декорираме со парчиња домати наредени во круг и свеж босилек. Прекрасен е вкусот на босилек и лук. Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови