Пита со тиквички и урда
Се замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса.
Тиквичката се лупи и се ренда на покрупната страна од рендето. Се посолува и се остава да одседи 10 минути. Урдата се посолува и се меша со 2 јајца.
Одкако ќе стаса тестото се плеска во подмачкан плех и се наросува со маргарин на лентички. Се реди половина од урдата па исцедената тиквичка и се покира со вториот дел од урдата. Убаво се порамнува и се премачкува со преостанатото јајце. Се посипува со сончоглед и се остава да стаса.
При расплескувањето на кората може да се остават краевите да висат врз плехот и одкако ќе се нареди филот да се направи плетенка. Убава,вкусна и брза пита.
Лиценца: Сите права се задржани
Ја направив без тиквички (децава не сакаат) и со сирење, преубава излезе :)