Обожавам тиквички во секоја варијанта, еве уште еден добар пита-колач со нив. Вкусно-вкусно, за доручек, за гостите да ги изненадите, благороден рецепт, навистина...
Постапка
- Исецкајте нелупена тиквата, исецкајте го младиот кромид, морковот. Ставете на огнот во тава да се пржи до омекнување. Овкусете со зачинките внимавајки притоа да не пресолите бидејки и сирењето и кашкавалот ја даваат дополнително соленоста на питата. Оставете да олади.
- Со жица изработете ги јајцата, додадете ја киселата павлака, пак промешајте да се спојат состојките. Додадете го брашното во кое предходно сте го измешале пецивото. Измешајте да се спојат. Оладени тиквичките додадете ги во оваа смеса. Сега додадете ги сецканите сирење и кашкавал. Додадете и магданосот.
Излијте во тавка. Одозгора наредете исечени кругови од тиквичката. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени. околу 60 мин. - зависно од рерната.
Совет
Кај нас сега немаше млад кромид, си направив замена со една поголема главица кромид кој токму сега е мнооогу сочен.
Ја премив питата од половина состојките и печев во помало тавче, а за целосен рецепт малата ростер тава сосема одговара за оваа пита.
Бон Апетит драги мои!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани