Прокељот убаво измијте ги и исчистете го од горните ливчиња, па обарете го во послолена вода 5-8 минути. Исто така обрете ги и морковите и компирот.
Испасирајте го компирот и во него додадете ги разматените јајца, киселата павлака и пармезанот. Посолете и зачинете и додадете го маслото.
Исечкајте ги морковите и заедно со прокељот додадете ги на смесата.
Лиснатото тесто развлечете го во големина на тавата во која ќе печите (26) и избоцкајте го со вилушка.
Од јајцата предходно издвојте 1 лажица и со неа премачкајте ја внатрешноста на лиснатото тесто, па наредете ги парчињата печеница.
Врз нив истурете ја припремената смеса и печете во загреана рерна од 200 степени 10 -15 мин.
Извадете ја тавата и ставете го одозгора кашкавалот и допечете додека убаво не се растопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани