* Зелката се ренда на крупната страна од рендето.
* Се става во длабок сад да се динста со малку вода. Одкако водата ќе зоврие се остава да поврие уште 1 минута со повремено мешање, и потоа се става во цедалка да се исцеди водата.
* Месото се става во малку масло да се пропржи. Потоа се трга од оган и доколку има вишок вода во него и тоа се става во цедалка да се исцеди.
* Месото и зелката се мешаат заедно и во нив се додава една лажица зачин.
* Се започнува со подготовка на другата смеса
- Се матат јајцата како за торта, и во нив се додава чаша јогурт ( но може и кисело млеко ), се додава чаша мајонез. Потоа се рачно мешање се додаваат брашното и содата.
- чашата да е од 250 мл.
* Во подмачкано тавче и побрашнето бр. 26 се истура половина од смесата со јогурт па врз неа се додава целата смеса со меленото месо и зелка и одозгора се полева остнатат смеса со јогурт.
* Тавчето се става во релна и потоа релната се вклучува на 180 степени.
* Се пече 30-35 мин, во зависност од тоа како Ви пече шпоретот, додека убаво да зарумени питата.
* Одкако ќе ја исклучите релната се остава питата уште 10 минута да одстои така во топлата релна.
* Одкако ќе се извади од шпорет се покрива со крпа и се остава така околу 10 мин малку да се излади.
* Потоа се сече на осминки.
* Питата најдобро се комбинира со кисело млеко или јогурт.

Пријатно јадење

*** Питата ни беше за појадок во неделата и самата јас додека јадев сама си ја фалев питата, а секако и сопругот не остана рамнодушен.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови