Зелка свежа, сторена - расол или каква била ретко кој не спрема е ова е начинот на кој се прави кај нас.

Сите зеленчуци се чистат и сечкаат. Морковите на покрупни тркалца, кромидот и лукот на поситно, коренот од магдонос и пашканатот само се чистат со површинско луштење и се оставаат цели. Неизоставно во ова јадење го ставам лукот и ловор листот. На врело масло се става да пропржи кромидот и лукот, морковот се додава меленото, мешаме постојано да се иситни добро, зелката сечкана на коцки поситно, се става прво половина, па повремено се меша додека се подиспржи, полека се става и остатокот од зелка мешајќи додека пржи некои 10 мин.
Ставаме пипер,пржиме кратко, налеваме 500мл.вода ја додаваме коцката за супа, останати зачини, коренот од магдонос и пашканатот цели, покриваме со капак и се крчка на тивко некој саат и пол (или зависно колку сакате да е мека). На крај кога е готова се вадат од внатре пашканатот и магдонос коренот, се става сечкан магдонос и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови