1. Јајцата се матат со миксер се додаваат шеќерот, маслото, гризот, пецивото, киселата вода и млекото, да се добие хомогена смеса.
2. Вишните се чистат од коските.
3. Корите ги делиме на 4 дела, за да излезат 4 ролати.
4. Над секој дел од корите се става од филот и ¼ од вишните. Се завиткуваат во ролати и секој ролат се премачкува со филот.
5. Се печат во плех обложен со хартија. Се печат 10 мин на 200 степени и 15 мин на 170 степени.
Забелешка
- чашата е 200 мл
- оваа пита ја правев прв пат и по рецепт како што ми ја кажаа, меѓутоа од филот ми остана, па така следниот пат ќе ги намалам дозите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани