Пита ролати со готови кори
Овие ролати налик се на фино лиснато тесто, со особено вкусен, а едноставен фил.
Погодни се затоа што се замрзнуваат непечени, па кога сакате можете да си ги испечете бидејќи веќе ќе ви бидат подготвени. Згодни за ненајавени гасти, како и за време на викенд кога сакаме да си поспиеме, а сепак треба нешто вкусно да се направи за доручек.
1. За филот прво ги матиме јајцата , со вилушка, па ги додаваме останатите состојки. Сирењето го рендаме. Промешуваме убаво.
2. Корите ги делиме на две половини, за два ролата.
3. На првата кора мачкаме масло, на втората ставаме од филот и го премачкуваме со четка. На секоја наредна ставаме од филот и на крај виткаме ролат. Така и со втората половина на корите. Двата ролата ги ставаме во замрзнувач 2-3 часа.
4. Јајцето убаво го матиме па додаваме јогурт.
5. Ролатите ги вадиме од замрзнувач и ги сечеме на парчиња со дебелина 2 см.
6. Секое парче го потопуваме од едната страна во смесата со јајце и јогурт и го редиме во тавче со потопената страна нагоре. Посипуваме сусам на секое ролатче.
7. Печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.
Забелешка
Користам Делимано голема тава за печење така да воопшто не ја подмачкувам. Ако сакате совршена форма на ролатите, бидејќи тие нараснуваат со печење печете ги на двапати во тавата. Јас моите сега ги печев наеднаш.
Инаку кога ќе ги пресечете на парчиња можете слободно да ги ставите повторно во замрзнувач и да ги печете кога ќе посакате, за домашните или за гости.
Пријатен Апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
ама што викаш секоја обнова е добра:)
И мене ми пречи....што сум ваква изгубена и брзоплета:):):)
Mi se najdoe kori vo frizot i cekaa red pa eve im dojde so ovoj preubav recept....super ispadnaa samo drugpat bi namalila na masloto nekako odpojke mi se vide
Sledniot pat i so meso ke gi napram:)))
Околу маслото, да ти кажам дека толку колку што пишав толку ставам, една чаша масло и една чаша јогурт, а чашите ми се од 160 мл. Можеби зависи и од корите, ама како и да е ти добро се снаоѓаш во кујната и сама си проценуваш, што и колку ти недостасува или ти е вишок од состојки:) Поздрав и ти благодарам:)
Receptot e 10+ i eve slice i so mevce :))))
Ти благодарам за сликичката, многу вкусно делува, а познавајќи ја твојата кујна, нема утка во подготовка!
Од истите причини кои ги напомна Теофанија со пребарувањето и ние не сме можеле да забележиме дека рецпетите се исти, но сметаме дека во овој случај не е проблем да ги има двата рецепти.
Поздрав