Пита лапни голтни
Лебот се сече на тенки кришки. Се реди еден ред во подмачкано тавче. На страна се мати едно јајце со 100 мл кисела вода. Се полива врз првиот ред на лепчиња и одозгора се става дробено сирење и сецкани маслинки.
Се реди вториот ред на лепчиња. Сега се мати преостанатиот фил т.е двете јајца, 100 мл кисела вода, павлаката, млекото и дробеното сирење. Полијте го врз лепчињата и убаво распредете го филот. Одозгора попрскајте со масло. Оставете да стои 30 мин. Посолете со сусам. Внимавајте помеѓу лепчињата да нема празно место.
Загрејте ја релната на 200 С и печете додека не поцрвене.
Секогаш кога имате старо лепче не го фрлајте направете си прекрасна и вкусна пита за доручек. Во оваа рецепта може да се додаде и сланина по желба.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
закон :)