Се замесува тесто од брашното, зејтинот, солта со млака-умрена вода и се остава 30мин да одмори. Од тестото се прават три топки од кои се сукаат корички кои се премачкуваат со зејтин и се оставаат да одморат10-15минути. Од секоја кора на чаршав се растегнува голема кора која се попрскува со зејтин, а потоа се става од филот и се замотува, па се реди во подмачкана тепсија. Така се постапува со трите кори и одкако це се наполни тепсијата се попрскува целата пита со зејтин и се става на печење. Одкако убаво ќе се испече се ваѓа од рерна и се полева со зовриената вода, па се враќа во исклучена рерна уште 10минути.
фил
Компирот се лупи и ситно се сецка на коцкички или пак може да се изренда на крупно ренде. Кромидот се ренда и се додава кон компирот, се зачинува со сол и црн бибер по вкус и филот е готов
Оваа пита има повеќе фил и затоа не штедете го филот кога го ставате над корите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела