Брзи,едноставни и вкусни пирошки.
Прво ги матиме јајцата со жица,ја додаваме павлаката и јогуртот и пак мешаме.
Потоа го додаваме сирењето(рендано) и сецканиот млад кромид.Посолуваме.
Го додаваме печивото и брашното и замесуваме тесто кое треба да е меко и нелепливо.Брашното додавајтего постепено.
Тестото го делиме на три дела па од секој дел сучиме мала кора која ја сечеме на триаголници.
Пржиме на загреано масло на средно силен оган.
Послужете топли!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови