Испечати

Пирошки со млад кромид

Пирошки со млад кромид

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 чаша јогурт
  • 2 млади кромитчиња
  • 200 гр рендано сирење
  • сол според вкусот
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • околу 400 гр брашно,односно додека тестото е нелепливо

Подготовка

Брзи,едноставни и вкусни пирошки.
Прво ги матиме јајцата со жица,ја додаваме павлаката и јогуртот и пак мешаме.
Потоа го додаваме сирењето(рендано) и сецканиот млад кромид.Посолуваме.
Го додаваме печивото и брашното и замесуваме тесто кое треба да е меко и нелепливо.Брашното додавајтего постепено.
Тестото го делиме на три дела па од секој дел сучиме мала кора која ја сечеме на триаголници.
Пржиме на загреано масло на средно силен оган.
Послужете топли!