Малку поинаков начин на подготовка на пилешкото месо.
Прво пилешките гради се премачкуваат со маслинов зејтин и зачин од сушен зеленчук и се оставаат така 1 час. За тоа време спанаќот се запржува со зејтин и сол за потполно да омекне. Кога ќе олади се додава ренданото сирење.
Пилешките гради се засекуваат на косо на 4-5 места. Во засечените места се става од спанаќот и сирењето. Пилешките гради се ставаат на хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 30 минути. Пред да го извадите пилешкото се додава и рендан кашкавал врз него. Потребно е само да се стопи кашкавалот и јадењето може да се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови