Пилешко со компири и печурки
Уште еден предлог за вкусен ручек со пилешко од мене.... )))
1. Стековите се расекуваат, отвораат, се премачкуваат со масло, сенф, посолуваат, наросуваат мешан сув зеленчук, побиберуваат. Убаво се тријат и се оставаат во фрижидер најмалку 2 часа или преку ноќ.
2. Се мрси садот во кој ќе се подготвува јадењето, се редат компирите како за мусака. Се посолуваат, па се редат стековите, над нив сецканите шампињони. Се попрскуваат со малку масло, сол, мешан сув зеленчук, црн пипер. Се налева малку вода, околу 100 мл., се покрива и се става во загреана рерна на 200 степени околу 45 мин..
3. Потоа се вади тавата и јадењето се полева со изматена смеса од јајцето и киселата павлака во која може по вкус да се додаде црн бибер и мешан сув зеленчук и сето тоа се посипува со рендан кашкавал.
Се враќа во рерна уште 15-на минути додека порумени и растопи кашкавалот.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани