
Свинско во сос од печурки (брокула и компири)
Месото го посолуваме, наросуваме рузмарин, го премачкуваме со сенфот, оставаме да постои ако е можно преку ноќ во ладилник, ако не неколку часа. Потоа ги пржиме во тавче, убаво од двете страни, кога ќе добие убава боја додаваме вино или пиво и го поклопуваме со капак на тивко го оставаме да се динста. Компирите ги сецкаме на коцки и ги вариме. Брокулата ја обаруваме многу кратко во врела вода, да ја задржи бојата. Кога месото е готово ги додаваме печурките да се пропржат. Потоа додаваме пола пакетче крем супа од печурки, и 250 мл. вода. Оставаме тивко да поврие. Кога се готови компирите ја истураме водата и додаваме маслиново масло и зачини по желба. Исто така и брокулата ја зачинуваме по желба.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови