Фичо ни подготви комплетен, а брз ручек и тоа само со 3 состојки!

Подготовка

Чекор 1: Свинското филе намастете го со маслиново масло и наросете го со црн бибер, малку црвен пипер и сол. Оставете го настрана да ги прими зачините.

Чекор 2: Ставете ја тавата на оган да се загрее. Додадете путер и неколку капки масло. Ставете го филето да се пропржи од сите страни. Доколку имате, употребете термометар за да видите која е температурата во месото. Идеална температура за свинско е 62-65 степени. Готовото месо тргнете го на страна во чинија.

Чекор 3: Во садот за сос сипете ја водата и додадете го Фантот за гулаш и паприкаш. Варете 15-тина минути.

Чекор 4: Во тавата повторно ставете една лажица путер. Кога ќе се загрее пропржете ја брокулата поделена на мали парчиња. Не ја препржувајте, убаво е да крцка.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Фичо ни покажа како да подготвиме свинско филе, но вие може да го подготвите јадењето и со друг тип свинско месо. По желба, за поинтензивен вкус, може да додадете и потпржени шитаке печурки.