Ова е само уште еден од низата предлози за ручек кој јас го најдов по списанија претрпе делумни промени додека се прилагоди на вкус и конечно ете ја мојата верзија.

Парчињата пилешко се сечат на коцки, се зачинуваат со зачините, лукот целосно се толчи со толчник, се додаваат 30-тина мл.масло и се продолжува со толчење додека се створи каша како за макалото. Таа смеса се става во павлаката, се додава сечкан магдоносот тука се става и сувиот зачин, се додаваат лебните трошки. Смесата се меша подолго да се изедначи, треба да се добие сувкаста и ронлива маса.

Во огноотпорен намастен сад се става првата половина од оваа смеса и се рамни, се редат рамномерно одозгора парчињата стек, се прекрива најгоре пак со сосот од презла и лук, се рамни со тапкање најгоре, се прска со масло и премачкува со четче најгоре.

Се става во рерна и се пушта рерната на 200 се печи 30 мин,откако ќе ја достигне таа температура. Изненадувачки вкус се чувствува мирисот на лукче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови