
Пилешки џигер со бело вино
Ова е еден од моите омилени начини на подготовка на пилешки џигер.
Пилешкиот џигер убаво се мие.  
 Се делат срцата од џигерчето и се валкаат во брашно, па се пржат.
 Кога се пржени се вадат од тавата, а во маслото додаваме една лажица маргарин.
 Откако маргаринот е доволно стопен и загреан, се додава ситно исецканиот кромид и се промешува додека не добие кристална боја.
 Се додава пасираното лукче и сечканите печурки.
 Пржете додека не омекнат доволно, а потоа назад во тавата се враќаат џигерчињата.
 Се меша убаво заедно и се зачинува.
 Пред крајот се додава црвен пипер или кечап и една лажица брашно.
 Промешајте добро и прелејте бело вино.
 Нека покрчка околу 15 минути на тивко.
Забелешка
 Кромидот во случајов не го пржете поклопен, затоа што ќе стане како каша, а таков не е потребен во рецептот. По сув е подобар.
Декорирајте по ваш избор, нас ни беше доволен црвениот кромид и марулата.
 На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови




























