13
мар
2015
Мешана тава со пилешки џигер
Компирите лупени и сецкани на коцки се варат во посолена вода.
Истото важи и за морковите и грашокот.
Се вадат од водата кога се готови со лажица рештека. Во водата во која се вареа се додава коцка за супа и откако ќе зоврие тргнете на страна.
Џигерот се вари и се разделува на парченца. Во намастена тава се редат зеленчуците и џигерот и се зачинува. Магдоносот се сецка на ситно и се попрскува во тавата. Се попрскува со масло и сенф и се полева со течноста во која се вареа. Тавата ставете ја во рерна и печете додека да испари водата.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови