Кога станува збор за џигер омилен ми е пилешкиот и тоа подготвен на овој начин.
Во тава на загреано масло го ставаме претходно исецканиот кромид и пропржуваме додека не омекне, а потоа го додаваме исецканиот лук. Кога ќе се испржи и лукот т.е кога ќе ја смени бојата го додаваме и претходно измиениот џигер, виното и водата. Садот го затвараме со капак и оставаме да вари на тивко околу 10 мин. Потоа го тргаме капакот и продолжуваме со варење се додека виното и водата не испарат, а потоа го додаваме мешаниот зачин и солта и пропржуваме околу 5 мин.НА ЗДРАВЈЕ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови