Пилешки ролат со пикантно полнење
Со кујнски чекан истолчете ги пилешките гради.
Посолете ги, наросете мелен црн бибер и сецкан свеж рузмарин.
Подготовка на полнењето
Саламата, краставичките и морковот исечете ги во вид на стапчиња.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додајте ја саламата и пржете додека благо зарумени.
Потоа додајте ги морковите, краставичките, сенфот, кечапот и табаско сос.
Промешајте и на среден оган пржете ги десетина минути.
На едниот крај од секое парче пилешки гради ставете од смесата за полнење.
Завиткајте ги внимателно во ролат и прицврстете со чепкалки.
Ставете ги да се пржат на среден оган од сите страни.
Во меѓувреме сварете го оризот и убаво исцедете го од водата.
Во тава на оган со маслиново масло пропржете ги сецканиот кромид и целер, па додајте го сварениот ориз.
Посолете, наросете црн бибер и промешајте.
Откако пилешките ролати ќе се испржат извадете ги чепкалките, исечете на парчиња и послужете ги со оризот и свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани