Пилешки ражничи
Многу често и во многу варијанти ги спремам. Денес пак беа на менито, па ги споделив со вас. За да добиете совршени коцки месо, од секое парче стек отстранете ги краевите, па тогаш сецкајте коцки. Остатокот од пилешкото можете наредниот ден да го искористите за рижото. Но, јас го искористив целото месо, па затоа и немам идентични форми на секое парче. Можете и да пресметате колку парчиња сланина имате, па така да ги планирате и парчињата стек.
Најпрвин исецканото месо ставете го во еден сад и додадете ги зачините по сопствен вкус ( но не претерувајте со карито зошто има доволно силен вкус, значи само наросете), додадете го сенфот и измешајте. Вака оставете го пилешкото во фрижидер барем еден саат да отстои, многу е помеко поради сенфот. Подготовката на секое парче е едноставна, земате сланина, го ставате парчето месо и виткате во мала ролничка. Не употребувајте преголемо сила дури и ако не ви стегнати сите исто зошто можете да ја скинете сланината. Вака замотаните ролнички, ставајте ги на стапче. Јас некогаш ставам по 4 ако се поголеми, некогаш по 6 ... самите ќе видете.
Загрејте масло во тава која не се лепи и кога ќе е убаво загреан ставете од ражничите, но веднаш намалете ја температурата на среден оган и поклопете со капак. На тој начин ќе остане многу посочно месото. Пржете од двете страни додека не заруменат.
Одлични се и во комбинација само со салата, компири, тестенини ...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови