13
апр
2020
Пикантни потпечени лајбици со ајвар и печурки
Имав подготвено лајбици по мој рецепт, ама овој пат без зачински билки. Како ми останаа неколку решив даги потпечам во рерна, ама да ставам и неколку додатоци.
Подготвив посен и вкусен појадок.
Подготовка
Ги сечеме лајбиците на половина и секоја ја премачкуваме со ајвар.
Ставаме кришки печурки и сечкани маслинки.
Зачинуваме со лут буковец, а може да додадете и други зачини.
Ги потпекуваме во рерна на околу 150 степени, да се запечат.
Забелешка
Овде го имате рецептот за посни лајбици
Лиценца: Сите права се задржани