Пикантни потпечени лајбици со ајвар и печурки
Состојки
- неколку кришки леб или лајбици
- 2-3 печурки свежи шампињони
- 4-5 лажици ајвар
- неколку маслинки
- 1 лажичка лут буковец
- други зачини по вкус и желба
Подготовка
Имав подготвено лајбици по мој рецепт, ама овој пат без зачински билки. Како ми останаа неколку решив даги потпечам во рерна, ама да ставам и неколку додатоци.
Подготвив посен и вкусен појадок.
Подготовка
Ги сечеме лајбиците на половина и секоја ја премачкуваме со ајвар.
Ставаме кришки печурки и сечкани маслинки.
Зачинуваме со лут буковец, а може да додадете и други зачини.
Ги потпекуваме во рерна на околу 150 степени, да се запечат.
Забелешка
Овде го имате рецептот за посни лајбици