Подготовка

1. Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и 1 лажица брашно да запени.

2. Потоа додадете го маслото и јогуртот кој треба да е на собна температура, па јајцата, мал дел од брашното и откако ќе измешате додадете ја и солта, па понатаму измесете глатко тесто со додавање на брашно. Покријте го измесеното тесто и оставете го да се дуплира.

3. Потоа поделете го на 20 топчиња кои ќе ги наредите во помал плех од шпоретот. Премачкајте ги одозгора со разматена белка и поросете сусам и семиња по желба.

4. Врз секое ставете по мало парченце маргарин. Печете ги на 200С додека поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови