Печено пиле со мед и сок од портокал
Прво го подготвуваме преливот за премачкување
Во сад ги додаваме медот, сокот од еден портокал, сенфот, мешаниот зачин, ориганото и магданосот добро промешуваме и со четкичка го премачкуваме пилето. Вака подготвеното пиле го оставаме да одстои 2 часа.
Пилето го ставаме во плех за печење и му полеваме малку зејтин измешан со еден филџан вода. На почетокот т.е во првите15мин.го печеме на 250 степени потоа намалуваме на 180 степени и печеме околу час и половина.
На дваесет минути го вадиме пилето и го поливаме со сосот кој се наоѓа во тавата.
Прилог
Подготвуваме пире компирот лупен го вариме 20 до 30 мин го цедиме и пасираме.
Во друга тава пржиме праз го посолуваме му додаваме црвен пипер и го додаваме на испасираниот компир. На пирето му додаваме путер, млеко и го зачинуваме.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани