Печено пиле со компири
Компирите ги лупиме, миеме и сечкаме на кругчиња. Кромидот исто така го сечкаме на тенки кругчиња. Пилето го посолуваме и зачинуваме. Компирите ги посолуваме, зачинуваме и добро ги промешуваме насекаде да се спојат зачините. Дел од нив ставаме на дното од плекчето, го ставаме пилето и остатокот од компирите насекаде околу пилето. Го додаваме кромидот. Зејтинот го ставаме насекаде одозгора, а водата околу обрачот на плекчето. Со алуминиумска фолија добро го покриваме плекчето. Рерната ја загреваме на околу 200 степени. Плекчето го ставаме во рерна и печеме околу 2 часа и 20 минути. Дваесетина минути пред крајот на печењето ја тргаме фолијата за да се исцрви малку месото. Служете со салата како прилог по вкус. Се надевам ќе ви се допадне мојот предлог за вкусен ручек. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани