Испечати

Печено пиле со компири

Печено пиле со компири

Состојки

  • 1 кг и 200 грама пиле
  • 2 главици кромид
  • 1 кг и 500 грама компири ( сецкан на кругчиња)
  • 200 мл вода
  • 7 лажици зејтин и сол ( количина по вкус,мешан зачин,црн бибер,смеса за поховање пилешко)

Подготовка

Компирите ги лупиме, миеме и сечкаме на кругчиња. Кромидот исто така го сечкаме на тенки кругчиња. Пилето го посолуваме и зачинуваме. Компирите ги посолуваме, зачинуваме и добро ги промешуваме насекаде да се спојат зачините. Дел од нив ставаме на дното од плекчето, го ставаме пилето и остатокот од компирите насекаде околу пилето. Го додаваме кромидот.  Зејтинот го ставаме насекаде одозгора, а водата околу обрачот на плекчето. Со алуминиумска фолија добро го покриваме плекчето. Рерната ја загреваме на околу 200 степени. Плекчето го ставаме во рерна и печеме околу 2 часа и 20 минути. Дваесетина минути пред крајот на печењето ја тргаме фолијата за да се исцрви малку месото. Служете со салата како прилог по вкус. Се надевам ќе ви се допадне мојот предлог за вкусен ручек. Добар апетит.