Печени ќофтиња во сос од печурки
Ова јадење го имавме како неделен ручек, доста вкусно, интересно ама и малку калорично. Сите задоволни и сити.
1. Содржината од Фант вреќичката за ќофтиња (фаширани шницли, косани одрезак), се прелива со 150 мл. млака вода и се остава да стои неколку минути.
2. Подготвениот Фант се додава на меленото месо и добро се промешува, се прават топчиња, се ставаат во тавче и се печат во рерна околу 50 минути на 200 степени.
3. Кромидот се сечка ситно, му се додава морковот исечкан на танки кругчиња, се става масло и малку вода и се динста додека не испари водата и не омекнат кругчињата моркови. Се додаваат маринираните шампињони, мешаниот сув зачин, малку црн пипер и се динста уште некое време.
4. Содржината од кесичката Фант сос од печурки се става во 300 мл. млака вода, се меша со маталка и се истура на претходната мешавина од зеленчук и печурки. Се меша неколку минути додека не се згусти смесата, а потоа се додава кремот за готвење. По неколку минути се става и киселата павлака, се меша да се изедначи сето. На крај се додаваат испечените ќофтиња, се меша сето заедно и се крчка уште малку.
5. Претходно се варат шпагетите според упатството, се цедат, потоа се ставаат во соодветен сад и врз нив се распоредуваат готовите ќофтиња во сос од печурки.
Одозгора се посолува со малку свеж сечкан магдонос, се служи топло.
Сол воопшто не ставив бидејќи се беше доволно солено. Наместо крем за готвење може да се стави само кисела павлака доколку сакате сосот да ви е потечен.
Шпагетите може да се заменат со паста по желба или друг додаток од компир, ориз или друго.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани