Подготовка

Во длабок сад ставете го топлото млеко, шеќерот, солта и квасецот (претходно растопен во филџан со млака вода).

Постепено ставајте прво од белото брашно и мешајте со лажица. Потоа, постепено додадете ја и палентата и маслото. Замесете тесто со рака, да биде нелепливо и да не биде ниту многу меко, ниту премногу тврдо.
- Оставете го тестото да одмори и да се дуплира.

Расукајте кора на набрашнета површина и со помош на кружни калапчиња или чаша вадете кругови (види дополнителна фотографија) и наредете ги во тава за печење.

Ѓевречињата премачкајте ги со мед, жолчка и ставете им сусам.

Печите на 200 степени околу 15-20 мин.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани