![Печени ѓевречиња со палента и мед](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/07/ggggslik-f87412-800x600.jpg)
21
јул
2020
Печени ѓевречиња со палента и мед
Подготовка
Во длабок сад ставете го топлото млеко, шеќерот, солта и квасецот (претходно растопен во филџан со млака вода).
Постепено ставајте прво од белото брашно и мешајте со лажица. Потоа, постепено додадете ја и палентата и маслото. Замесете тесто со рака, да биде нелепливо и да не биде ниту многу меко, ниту премногу тврдо.
- Оставете го тестото да одмори и да се дуплира.
Расукајте кора на набрашнета површина и со помош на кружни калапчиња или чаша вадете кругови (види дополнителна фотографија) и наредете ги во тава за печење.
Ѓевречињата премачкајте ги со мед, жолчка и ставете им сусам.
Печите на 200 степени околу 15-20 мин.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани