1
јун
2013
Печени компири со суви тревки
Компирите излупете ги и исечете ги на потенки кришки.
Попрскајте ги со масло, зачинете ги со мешан сув зачин, мелен црн бибер и сувите тревки.
Додајте ја и презлата и убаво со раце измешајте ги.
Вака спреманиот компир ставете го во тава за печење обложена со хартија за печење.
Печете ги на претходно загреана рерна од 200 степени додека омекнат, а одозгора фатат коричка.
Лиценца: Сите права се задржани