Печени компири со суви тревки
Состојки
- 1кг. компири
- 4 лажици лебни трошки
- 2 лажички мешавина од сецкани суви тревки(рузмарин, мајчина душца, оригано,мајоран, босилек)
- по потреба масло, мешан сув зачин, црн бибер
Подготовка
Компирите излупете ги и исечете ги на потенки кришки.
Попрскајте ги со масло, зачинете ги со мешан сув зачин, мелен црн бибер и сувите тревки.
Додајте ја и презлата и убаво со раце измешајте ги.
Вака спреманиот компир ставете го во тава за печење обложена со хартија за печење.
Печете ги на претходно загреана рерна од 200 степени додека омекнат, а одозгора фатат коричка.