Прво ги вариме компирите. Откако ќе оладат се лупат и се рендаат. Кон нив се додава ренданиот пармезан, сечената на коцки печеница и кашкавал. Посолуваме, побиберуваме и од смесата правиме бомбици со дијаметар 5 сантиметри, ама тоа е ваша желба колкави ќе ви бидат бомбиците.
Секоја бомбица ја валкаме во јајце, а потоа во презла и ги редиме на хартија за печење.
Врз нив се напрскува масло околу 2 лажици. Се печат на 180 степени додека да поруменат околу 15 минути.
Добри се за со пиво или додаток на ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови