Оброк приготвен од морска риба е здрав и омилен оброк во моето семејство, па затоа топло ви го препорачувам.
Секако прво ја миеме и чистиме рибата, ја посолуваме однатре и однадвор и ја засекуваме од едната страна на повеќе места. Во засекувањата ставаме по парче лимон и лук исечен на тенки парчиња.
На оган ги запржуваме кратко празот, младиот кромид и морковите исечени на парчиња, ги посолуваме. Ги ставаме во тавата во која ќе ја печеме рибата. Одозгора ставаме исечен магдонос. Врз зеленчукот ги ставаме рибите и врз нив магдонос. Полеваме со 250 милилитри бело вино и ги ставаме во загреана рерна на 200 степени. Се печат околу 45 минути во зависност од јачината на рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови