
2
јан
2021
Полнета печена Орада(Ципура) со лук, морков и кромид
Се чистат рибите и се посолуваат одозгора и во внатрешниот дел. Потоа се засекуваат рибите накосо да се наредат лукчињата. Во внатрешниот дел се става морков, мајчина душичка и кромид.
Се сечат компирите на плочки како за мусака. Се редат во тава која претходно е намрсена .Убаво се посолуваат и се редат врз нив по должина сечкани кисели краставички.Врз нив се ставаат орадите и се ставаат неколку кригови лимон. Се печат на 200 С 40 мин. Превкусна риба- кралица меѓу рибите.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани