Печена ципура со млад кромид,праз и морков
Состојки
- Состојки
- 1 кг риба ципура(2 парчиња)
- 1 струг праз
- 4 млади кромидчиња
- 2 моркови
- 1/2 китка магдонос
- 1 лимон
- 4 чешниња лук
- 250 мл бело вино
- Потребно е уште сол,зејтин
Подготовка
Оброк приготвен од морска риба е здрав и омилен оброк во моето семејство, па затоа топло ви го препорачувам.
Секако прво ја миеме и чистиме рибата, ја посолуваме однатре и однадвор и ја засекуваме од едната страна на повеќе места. Во засекувањата ставаме по парче лимон и лук исечен на тенки парчиња.
На оган ги запржуваме кратко празот, младиот кромид и морковите исечени на парчиња, ги посолуваме. Ги ставаме во тавата во која ќе ја печеме рибата. Одозгора ставаме исечен магдонос. Врз зеленчукот ги ставаме рибите и врз нив магдонос. Полеваме со 250 милилитри бело вино и ги ставаме во загреана рерна на 200 степени. Се печат околу 45 минути во зависност од јачината на рерната.