Петличиња
Убаво изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го омекнатиот путер. Доколку немате, маргаринот можи да се употреби како замена.
Додајте го во повеќе наврати брашното и замесете глатко тесто.
Тестото поделете го на онолку делови колку што сакате да обоите. Во овој случај е поделено на 3. Едниот си останува ист, во другиот е додадено какаото, а во 3от засладен инстант чај од ружи и малку розева боја (секако, изборот на арома и боја можи да е разновиден).
Оставете го во фрижидер 30 мин.
На набрашнета работна маса развлечете кора со дебелина од 3 мм и вадете форми со ракиена чашка.
На секоја форма со тапа од шише од масло направете засеци без да притискате до крај, а во средината со дрвено стапче за ражничи напревате дупки на петличињата.
Наредете ги во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 С 15на мин. , односно, додека едвај приметно не отемнат на рабовите.
Кога некогаш многу ви се зборува, направете си од овие колачина и закопчајте си ја устата... ќе заштедите на зборови и плус ќе се засладите ; )
Лиценца: Сите права се задржани
Вале, макари мајка ми кога бев дете стално ни правеше, ама јас немам рецепт од нив. Тогаш со сувите колачи не се „мирисавме“ многу, а рецептот некаде се затурил до сега. Прави и иди да комбинираме :)
Лиле и Лудо, петелчињата на вас ги оставам, мајсторски да ги спремите и на гости ќе ви дојдам хахаха Од мене ќе носам петличиња по битолски е името за копчиња (абе тоа копчиња од секогаш не сум го љубела како зборче :) па научете и вие некој дијалект од нас, јас веќе студирав македонски дијалекти со вас тука и се чувствувам многу богата ;) )
Dopolnitelnite fotki posebno gi bendisav i nekako vo posledno vreme komentiram samo na celosni recepti-so postapka:)
haha za izgledot sega mi proleta misla... kakvo iznenaduvanje bi bile da se podarat na nekoj sivac :))