Испечати

Петличиња

Петличиња

Состојки

  • 200 гр брашно
  • 100 гр маслац
  • 80 гр шеќер
  • 2 жолчки
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 полна лажица какао
  • 2 лажици засладен инстант чај од ружи и малку розева боја

Подготовка

Убаво изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го омекнатиот путер. Доколку немате, маргаринот можи да се употреби како замена.
Додајте го во повеќе наврати брашното и замесете глатко тесто.

Тестото поделете го на онолку делови колку што сакате да обоите. Во овој случај е поделено на 3. Едниот си останува ист, во другиот е додадено какаото, а во 3от засладен инстант чај од ружи и малку розева боја (секако, изборот на арома и боја можи да е разновиден).
Оставете го во фрижидер 30 мин.

На набрашнета работна маса развлечете кора со дебелина од 3 мм и вадете форми со ракиена чашка.
На секоја форма со тапа од шише од масло направете засеци без да притискате до крај, а во средината со дрвено стапче за ражничи напревате дупки на петличињата.

Наредете ги во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 С 15на мин. , односно, додека едвај приметно не отемнат на рабовите.

Кога некогаш многу ви се зборува, направете си од овие колачина и закопчајте си ја устата... ќе заштедите на зборови и плус ќе се засладите ; )