Ставете го брашното во сад за месење и во средината ставете ги сите состојки, дури и квасецот кој предходно со раце ќе го раздробите што поситно. Измесете ја содржината во компактно тесто.
Тестото развлечете го на работната површина со дебелина од 5 мм и со модла за переци вадете форми, кои ќе ги наредите во подмачкан плех. Доколку немате таква модличка, едноставно исечете ги на штанглички.
Премачкајте ги со разматено јајце (во мојот случај премачкани се само со жолчка) и одозгора наросете сусам и крупна сол.
Оставете ги 20на мин. да одстојат пред печење. Печете на 200 степени 10на минути, односно додека одозгора не поруменат.
Ви ги препорачувам да ги правите во дупла доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани