Брзи солени грицки, одлични за со пивце, кои ги прошетавме дури до Стрежевско езеро

Подготовка:

1. Од состојките се замесува мазно тесто.

2. На набрашнета површина тестото се расукува во дебелина од половина см и со калапче се вадат форми.

3. Се редат во плех обложен со пек-хартија, се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со крупна сол, сусам, семки. Kако ви е желба.

4. Се печат на 200 степени околу 20на минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови