30
апр
2015
Перечиња со квасец (1)
Активирајте го квасецот во млекото заедно со шеќерот и 1 лажиче брашно. Потоа, од сите состојки замесете меко тесто. Без да чекате, веднаш, развлечете го со оклагија во кора со дебелина од околу 3 мм и со помош на калапчето за перечиња вадете форми. Редете ги во подмачкан плех или во плех обложен со пек хартија, премачкајте ги со разматено јајце и поросете со крупна сол, сусам, ким... Печете ги веднаш на 200 степени околу 10на минути, односно, додека благо не поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани